Францускиот предлог не е идеален, но ни дава шанси во многу точки да бидеме на паритетна и реципрочна основа со Бугарија. Особено историската комисија ни е голема предност. Таму седат стручни лица на кои ме може политичарите да им диктираат, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.
Тој додаде дека член на историската комисија беше и Ѓорѓиев, кој сега оди на партиски трибини на ВМРО-ДПМНЕ и самиот замина од комисијата, откако ги потврди четирите усогласени текстови, меѓу кои се и тие за Цар Самоил и Кирил и Методиј.
„Ние сме отворени во комисијата да седи човек по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Историските прашања треба да се решат од нашите историчари, сите заедно да го потврдат тоа, а државата да стои позади нив. Да имаат аргументи во разговор со бугарските историчари и да дојдат до заедничка основа по некои прашања, за да ги залечат односите меѓу двете земји кои се видно нарушени“, наведе Маричиќ.