„Ние сме Македонија“ протестираше пред македонската амбасада во Вашингтон

by fokus

Движењето „Ние сме Македонија“ денеска протестираше пред македонската амбасада во Вашингтон. Протестот започна со интонирање на македонската химна, по што со пароли и слогани ја искажаа својата загриженост за политичките настани во Република Македонија, пред се донесувањето на Законот за употребата за јазиците.

На амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена Декларација во која се наведени пет барања до Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија.

Следниот протест ќе биде во среда, 17ти јануари, пред Обединетите Нации во Њу Јорк кога Метју Нимиц ќе има средба со преговарачите за името Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Поврзани новости