Граѓанските здруженија обединети околу иницијативата за слободни избори денеска пред Собранието го најавија почетокот на акцијата „Ние одлучуваме”. Целта на кампањата е да ги и охрабри граѓаните да излезат на гласање на 11 декември
Освен тоа, акцијата ќе ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели и евентуланите закани и заплашувања кон граѓаните за остварување на изборачкото право.
Организаторите најавија СОС линија за пријавување на прекршоци на изборното право и надгледување на изборните кампањи на партиите и буџетското трошење.
-Ги охрабруваме сите граѓани да ја користат бесплатната СОС-телефонска линија 0800 88888, која ќе биде достапна од 9 до 21 часот секој ден, за да пријават нерегуларности и злоупотреби- рече активистот Драган Додевски.
Акцијата ќе се спроведува на целата територија на државата, а во неа ќе бидат вклучени голем број граѓански здруженија од сите градови.