337
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, и денеска, петнаесетти ден по ред протестираше пред Министерството за правда.
Тој и неговите приврзаници уште еднаш побараа ослободување на притворените осомничени за насилството во Собранието на 27 април.
Денеска на протестот се обрати пратеничката Лилјана Затуроска.
-После ова треба да се извлечат поуки за да не настане друго вакво дело во иднина, кое што ќе остави големи бразди во душата на македонските граѓани, изјави Затуроска.