437
Ниту 13-тото продолжение на конститутивната седница на Собранието не донесе ништо ново. Продолжи истиот ритам со реплики и контра-реплики од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и истите теми за „тиранска платформа“.
Тие бараа од СДСМ да се откаже од платформата, а како решенија ги гледаат или прифаќање на манифестот на ВМРО-ДПМНЕ или нови избори.
Пратениците од СДСМ, во попладневниот дел обвинија дека говорницата се злоупотребува за изнесување лаги. Седницата продолжува утре во 11 часот.