Гаши: Странските дипломати не доаѓаат со готови решенија

by fokus

Странските дипломати не доаѓаат со готови решенија, туку бараат заеднички начин како политичарите би можеле меѓусебе да се договорат за излез од ваквата ситуација, изјави потпретседателот на Беса, Африм Гаши по средбата со копретседавачот на институтот Европски совет за надворешни работи, Карл Билд.

-Сакаа да знаат за Движењето Беса како нов субјект кои се нашите гледишта за процесите и државата, но поголем дел од времето го потрошивме за изнаоѓање начини како Македонија би можела да излезе од кризата, рече Гаши.

Тој додаде дека сите надворешни дипломати кои се дојдени до сега, барем што се однесува до пристапот што го имаат со Движењето Беса, сакаат да помогнат Македонија да излезе од досегашната криза.

Поврзани новости