536
Струмичката полиција поднесе кривична пријава против Џ.Л. (36) од
Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично
дело „уцена“ и против Б.Г. (40) од Велес поради постоење основи
на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска
со кривичното дело – „уцена“.
Во текот на јули 2017 година, првопријавениот ја уценувал Н.П. од село Петралинци, дека доколу не изврши уплата од 300 евра на негова сметка, истиот ќе ги
испрател интимните фотографии од неа на нејзиниот сопруг. И второпријавената, од нејзиниот телефонски број, испратила пораки со уценувачка содржина на Н.П., а во врска со уцената која и ја упатил првопријавениот.