Откако објавивме дека по серијалот текстови објавен во „Фокус“ поврзани со крадењето скапа биолошка терапија на Клиниката за онкологија, денеска инспектори и обвинители ја „тресат“ клиниката, од Основното јавно обвинителство сооштија дека по нивни насоки, се преземаат дејствија за обезбедување докази.
-По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, велат од ОЈО.
Според нашите информации, се собираат компјутери, медицински истории од пациенти, кои биле пациенти на оваа клиника.
На Клиниката се влезени Сектор за економски криминал и корупција при МВР и ОЈО.