Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за правда уште денеска да го достават предлог законот за Јавно обвинителство во СОбрание за да го разгледаат сите политички субјекти, а не да се разгледува во политички штабови.
-Претседателот на работното тело кое ќе биде назначено, веднаш да ги исконтактира експертите од областа, граѓанскиот сектор и засегнатите професионалци, и итно да закаже јавна расправа во која ќе се вклучат и меѓународни преставници за целосна транспарентност на процесот. Според забелешките од јавната расправа, политичките партии да се постават на ниво на државотворни чинители, да се надминат себеси и да понудат решение кое ќе ги приближи нивните ставови. Во духот на владеењето на правото, после таков инклузивен процес, и НПГ како и останатите ќе ги понуди своите размислувања за што подобро законско решение, бараат од Независната пратеничка група.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев неодамна рече дека во обезбедувањето на двотретинското мнозинство за носењето на законот најмногу надеж има во пратеничката група на осумте независни пратеници.