Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ побара средба со пазарџиите: Наша должност е да им излеземе во пресрет

by fokus

Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение во кое истакнаа дека ги следат со загриженост реакциите на пазарџиите и најавија дека од понеделник ќе побарале средба со нивни претставници, на која ќе ги разгледаат нивните барање, посочувајќи на тоа дека пазарџиите се затекнати од ваквата ситуација, а нивна должност било да им излезат во пресрет.

Пазарџиите од Зелен пазар утрово излегоа на протест пред Собрание, поради новиот закон кој бара од нив да обезбедат лиценци кои можат да се добијат под посебни услови: да не пензионери, да не примаат никакви други хонорари, да не се приматели на социјална помош и таканатаму.

Поврзани новости