Поранешен телохранител на Мијалков ранил човек и избегал

by fokus

Во оружен инцидент во Кочани, рането е едно лице. Според полицијата во кратка вербална расправија Драганчо Стоименов, викан Дацо Белски пукал и го повредил Драган Здравев, објави телевизија Телма. Инцидентот се случил во кафе барот Аква во Кочани, попладнево околу 17 часот. Откако пукал и го ранил Здравев, Стоименов избегал. Полицијата трага по него.

Стоименов има подолго досие во македонската црна хроника, имаше улога на сведок и оштетен во случајот Детонатор, а тогаш беше објавено и дека е телохранител на Сашо Мијалков. На рочиштата на судските процеси против Мијалков, многу често доаѓаше и Стоименов. Денеска иако немаше таков процес, Стоименов според судски извори доаѓал пред зградата на скопскиот кривичен суд.

Во една престрелка во Скопје пред 5 години, Александар Василевски Нинџа го нападна Стоименов и го рани, но во судскиот процес Нинџа доби минимална затворска казна.

Поврзани новости