810
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за свикување на распуштениот парламент. Како што велат од оваа пратеничка група, која се издвои од ДПМНЕ откако ги поддржа уставните измени, државата се наоѓа во вонредба состојба која пратениците треба да ја потврдат.
-Свикувањето на веќе распуштениот парламент е согласно уставот. Во ваква ситуација, потребна е зголемена контрола од страна на пратениците врз владата, која сега носи уредби со законска сила – велат од пратеничката група.
Инаку, иницијативата на СДСМ за свикување на парламентот ја отфрли ВМРО-ДПМНЕ, додека се уште јасно не се изјасни ДУИ, од каде најавуваат дека тоа ќе го сторат откако ќе ја видат содржината.