Кандидат за градоначалник на Гостивар на претстојните локалани избори повторно е Невзат Бејта, актуелен градоначалник.
Ваква одлука синоќа била донесена на гостиварскиот огранок на ДУИ.
Во соопштението на огранокот се вели дека дебатата околу номинацијата на Бејта за уште еден мандат била конструктивна и прифатена едногласно, а поддршка дале и локалните форуми на жени и млади.
Бејта се заблагодарил на укажаната доверба и потврдил дека е подготвен да реализира уште една програма доколу биде избран.
Конечната одлука дали Бејта ќе влезе во уште една трка за градоначалничката позиција, ќе биде позната кон крајот на февруари. Тогаш централното раководство и лидерот Али Ахмети треба да решат кои кандидати за градоначаници и за членови на општинските совети и официјално ќе влезат во предизборна трка.
Невзат Бејта беше градоначалник на општина Гостивар во периодот од 2005 до 2009 година, па на следните избори загуби од конкурентот Руфи Османи. Повторно ја презеде функцијата по изборите во 2013 година.