Попот во Кавадарци лобира кај севишниот: Дај Боже градоначалникот повторно да добие! ВИДЕО

by fokus

Речиси и да нема година кога за верскиот празник Водици се нема случено некоја комична или пак небулозна ситуација. Попови паѓаат во вода, се случуваат тепачки за крстот, момци кои што се фрлаат во водите завршуваат со повреди, се носат лажни крстови по домовите за да се соберат пари…
Оваа година, главна тема помеѓу кавадарчани е благословот на попот за време на фрлањето на крстот во реката Луда Мара.

Освен молитвите за здравје и среќа, попот јавно му се заблагодари на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов за организацијата, па му посака со божја помош да победи и на наредните избори.

,,Нека нашиот градоначалник, бидејќи скоро се изборите, нека се кандидира, и дај Боже повторно нека добие’’, беа зборовите на попот кои предизвикаа изненадување, но и потсмев кај присутните.

Инаку, градоначалникот, односно општината на момчето кое го фати крстот во Кавадарци му подари телевизор.

Вики Клинчарова

Поврзани новости