Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 38 се повредени, јави агенцијата Анадолија.
Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин.
Avcılar Firuzköy’de bir iş yerinin bahçesinde bulunan güvenlik kulübesi, içinde görevli varken uçtu.#Lodos #istanbul #Fırtına #İHA pic.twitter.com/2tZ3cF1NWS
— HaberlerBizde (@HaberlerBizde4) November 29, 2021
Наведено е дека се повредени 38 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат на терен.
Причинета е и материјална штета. Ветерот откорна дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.
Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, информира Анадолија.
Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.