Казнети 141 возач, 32 за брзо возење

by fokus

За возење повеќе од дозволената брзина казнети се 32 возачи, од изречени 141 мерка вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, изречени се 26 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, две мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење на мобилен телефон, четири мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли и 33 мерки за непрописно паркирање.

Најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости