Маж од Германија (62), според лекарите, бил вакциниран 217 пати против Ковид. Необичниот случај е документиран во списанието „The Lancet Infectious Diseases“, пишува Би-Би-Си.
Дозите биле купени и администрирани приватно во период од 29 месеци.
По 217 вакцини, се чини дека човекот немал никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.
„За неговиот случај дознавме од написите во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.
Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани од претходните години.
„Можевме да собереме примероци од крв кога еден човек прими дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече д-р Шобер.
„Можевме да ги искористиме тие примероци за да одредиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата“, додаде тој.