Невладини и активисти бараат оставка од директорката на „Лајка“

by Фокус

Здруженијата за заштита на животни денеска пред ЈП „Лајка“ одржаа мирен протест со барања за итно разрешување на в.д. директорката на претпријатието, како и прекин на прогонот на активистите и опструирање на нивната волонтерска работа.

Дел од барањата на здруженијата се ЈП Лајка веднаш да се отвори за јавноста секој ден, а не само еден ден во неделата и тоа со закажување и итно да почне со масовни стерилизации и кастрации на бездомни животни.

Исто така, тие бараат во најкус можен рок јавно да се објават сите документи поврзани со работата на ЈП „Лајка“ што, како што наведуваат, е законска обврска.

Да се укинат, велат тие, постојните и да се изработат усогласени со закон обрасци со кои ЈП „Лајка“ воспоставува формално-правни односи со граѓаните.

„Лајка“ не е приватен стационар, туку е јавно претпријатие. Бараме итно да ни дадат информација за кучињата и да ни дозволат да ги видиме, ако се уште се тука“, рече активисти на која не и било дозволено да ги види кучињата за кои претходно се грижела, а кои биле заловени и донесени во стационарот.

Поврзани новости