Невакцинираните граѓани во Сингапур кои ќе се разболат од Ковид-19 нема да можат да се лекуваат на државен трошок, туку самите ќе си платат, одлучи тамошната влада.
-Моментално невакцинирани се мнозинството луѓе на интензивна нега. Тие придонесуваат за оптоварување на нашите здравствени ресурси. Од 8 декември, поради тоа, ќе почнеме на пациентите кои не сакаат да се вакцинираат по своја волја, да им ги наплаќаме трошоците за лекување, се вели во соопштението на Владата.
Оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини, како и децата до 12 години, ќе можат да се лекуваат на трошок на државата во случај на болест.
Со оваа мерка властите во Сингапур сакаат да го поттикнат вакцинирањето на граѓаните, кое е воо застој, а во исто време секојдневно расте бројот на нови случаи.