Нетанјаху во болница

by fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска бил пренесен во болница бидејќи почувствувал дека ја губи свеста, но сега се чувствува добро, соопштија од неговиот кабинет.

Нетанјаху (73) бил на медицински прегледи во болницата Шеби во Тел Хашомер, недалеку од Тел Авив, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Израелските медиуми јавуваат дека Нетанјаху бил префрлен во болница од неговата резиденција во крајбрежниот град Цезареја, целосно свесен.

Поврзани новости