75
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се разбудил од анестезија по успешната операција на кила, која вчера му беше извршена, соопштија од болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим.
„Тој е буден, се опоравува и разговараше со семејството“, изјави директорот на хирургија во болницата, Алон Пикарски, пренесува Тајмс оф Израел.
Тој додаде дека операцијата се одвивала според планот.
На израелскиот премиер му била дијагностицирана хернија за време на рутински преглед во саботата вечерта.
Министерот за правда и заменик на Нетанјаху, Јарив Левин беше вршител на должноста премиер додека Нетанјаху беше опериран.
Во јули минатата година, Нетанјаху имаше операција на срцето, кога му беше вграден пејсмејкер.