Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори својата изјава до западните земји дека „не може да се поддржи елиминацијата на Хамас од една страна, а од друга страна да се бара крај на војната, што би го оневозможило да го елиминира радикалното палестинско движење Хамас, кое ја започна војната со дивјачки напади врз Израел на 7 октомври“.
Праведната војна што Израел ја води во Појасот Газа за да го „елиминира“ Хамас ќе продолжи, порача Нетанјаху, поздравувајќи ја вчерашната позиција на САД во Советот за безбедност на ОН.
„Другите земји мора да разберат дека не може да се поддржи елиминацијата на Хамас од една страна, а од друга страна да се бара крај на војната, што би го оневозможило елиминирањето на Хамас“, нагласи Нетанјаху, еден ден откако Вашингтон стави вето на Резолуција на ОН која повикува на „тековен хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа.
„Значи, Израел ќе ја продолжи својата праведна војна за елиминирање на Хамас“, рече тој.
Нацрт-резолуцијата доби 13 гласа за, еден против и еден воздржан (Велика Британија).