Јордан: Израел го влече регионот во океанот на смртта, создаде голема омраза што ќе ги обликува идните генерации

by Fokus

Преговорите а не израелските воени акции, ослободија дел од заложниците во Газа, каде војната се заканува да го радикализира целиот Блиски Исток, соопшти денеска Катар, кој продолжува да преговара со двете страни, додека генералниот секретар на ОН и агенциите на ОН инсистираат на барањето за прекин на огнот.

Учесниците на конференцијата во Доха зборуваа два дена откако Советот за безбедност на ОН не гласаше за резолуцијата за хуманитарен прекин на огнот во Газа поради вето на САД.

Катарскиот премиер денеска на Форумот во Доха изјави дека неговата земја ќе продолжи да ги притиска Израел и Хамас да постигнат прекин на огнот и покрај тоа што изгледите „се намалуваат“. Некои од заложниците беа ослободени во Газа благодарение на преговорите, а не на израелските воени акции, изјави шеикот Мохамд бин Абдулрахман Ал Тани.

„Ќе продолжиме, решени сме да ги ослободиме сите заложници, но решени сме и да ја запреме војната“, рече катарскиот премиер.

Тој, сепак, призна дека „не гледа иста волја кај двете страни“ и дека „продолжувањето на бомбардирањето ги намалува“ неговите изгледи за мир. Тој предупреди дека цела генерација на Блискиот Исток е во опасност од радикализација поради војната во Газа.

Јорданскиот шеф на дипломатијата Ајман Сафади го обвини Израел дека спроведува систематска политика на туркање на Палестинците од Газа преку војна во која загинаа илјадници цивили.

Министерот за надворешни работи на земјата што се граничи со Западниот Брег, која прими огромен бран палестински бегалци по формирањето на хебрејската држава во 1948 година, го обвини Израел дека „создава толкава количина на омраза“ што ќе го „прогонува регионот“ и „ќе го обликува идните генерации“.

Поврзани новости