Нетанјаху на пат повторно да биде премиер на Израел

by fokus

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници ултра-националистички и верски партии се на пат да обезбедат стабилно мнозинство во парламентот (Кнесет), покажуваат резултатите од преброени повеќе од две третини од гласачките ливчиња.

Гласовите сè уште се пребројуваат, но доколку се точни прелиминарните показатели, Израел ќе има една од најдесничарските влади во својата историја со оглед на добриот резултат на вчерашните парламентарни избори на ултранационалистичката Верска партија, чии членови се познати по својата антиарапска и анти-ЛГБТК реторика.

Првичните резултати укажуваат на свртување кон десно на израелските гласачи, што дополнително ги намалува надежите за мир со Палестинците и создава услови за можен конфликт со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и поддржувачите на Израел во таа земја, пренесе Бета.

Вчерашните избори беа петти во Израел за помалку од четири години, и како и претходните, главно се фокусираа на способноста на Нетанјаху да владее додека му се суди за корупција.

Поврзани новости