Нетанјаху: Израел е во егзистенцијална војна и мора да победи

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е „во егзистенцијална војна во која мора да победи“.

Говорејќи во воено офицерско училиште, Нетанјаху најави дека Израел „ќе го нападне непријателот до целосна победа“.

Премиерот вети дека „ќе го елиминира убиствениот режим на Хамас, ќе ги елиминира терористите, ќе ги уништи тунелите“ и ќе ги гони оние што ги извршија нападите на 7 октомври во јужен Израел и рече дека „прави се што е можно за да ги пронајде заложниците“ на Хамас.

Нетанјаху оцени дека ИДФ (Израелските одбранбени сили) постигнуваат „импресивен напредок“ за да ја постигне својата воена цел и да се обиде да ги намали цивилните жртви во Газа.

Хамас го обвини дека користи цивили во малата енклава како „човечки штит“ и продолжува да користи тунели со километри.

„Кој и да ни каже да не дејствуваме во Рафах (на југот на Појасот Газа), ни кажува да ја изгубиме војната, а тоа нема да се случи. Нашите непријатели си донесоа уништување“, рече премиерот на Израел.

Повторувајќи ги зборовите на лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насрала, кој на почетокот на војната го нарече Израел „чувствителна пајажина“, Нетанјаху рече и дека „оној што зборуваше за пајажина сега гледа лавови“.

Во врска со зголемениот меѓународен притисок за ставање крај на војната, Нетанјаху рече дека Израел ќе го издржи тој притисок бидејќи целта е „тотална победа“.

Тој смета дека лидерите од Западот мора да разберат дека „со поразување на убијците од 7 октомври, се спречува нов 11 септември“; – терористичкиот напад во САД во 2002 година и дека затоа мора да застанат покрај Израел и неговата армија.

Поврзани новости