Нетанјаху: Ако повторно бидам избран, ќе го анектирам Западниот Брег

by fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна денеска својата намера да ја анектира долината на реката Јордан на Западниот Брег доколку победи на изборите следната недела.

– Денеска ја најавувам својата намера, по воспоставување на новата влада, да го применам суверенитетот на Израел на долината на Јордан и северниот дел на Мртво Море, изјави Нетанјаху.

Тој нагласи дека таквиот потег нема да биде направен пред објавувањето на долгоочекуваниот американски мировен план и консултациите со претседателот на САД, Доналд Трамп. Засега нема никакви коментари од Вашингтон.

Палестинскиот премиер Мохамед Иштије, непосредно пред говорот на Нетанјаху, истакна дека израелскиот лидер „е главниот уништувач на мировниот приоцес“.

Поврзани новости