866
Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР, информира дека преку електронската пошта се шири допис, потпишан со нејзиното име, но за кој тврди дека е фалсификат. Во лажниот допис пишува дека одредени лица се повикуваат во МВР поради тековна истрага.
-Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните, напиша Несторовска на фејсбук.