За сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 лица од Македонија, јавуваат голем број реномирани светски медиуми. Така, Гардијан ја опиша несреќата како најголема трагедија во Европа во изминатата деценија.
И Франс прес, кој беше меѓу првите медиуми кои пристигнаа на местото на настанот заедно со бугарските, несреќата ја опиша како најголема сообраќајна трагедија во Европа во последните 10 години.
Си-Ен-Ен, пак, ја започнува приказната со бројот на малолетни жртви, така што во насловот истакнува: „12 деца меѓу 46 жртви“. Воедно, се наведува дека причините за несреќата се очекува да се дознаат најмалку после 6 месеци од деталната истрага.
АБС ја опишува трагедијата како „автобус со трупови“. Осврнувајќи се на бројот на жртви и 12 деца, телевизијата наведува дека пожарот во автобусот настанал како последица на експлозија напред, односно под возачкото седиште.
Раша Тудеј, пак, на трагедијата ѝ дава доза на дипломатија. Во нивниот текст се нагласува дека трагедијата од 23 ноември може позитивно да се одрази на затоплувањето на бугарско-македонските односи.
И медиумите во Бугарија и регионот посветија големо внимание на несреќата, семејствата на загинатите и на туристичката агенција која беше недостапна со часови.
(ФОТО) Бугарски медиуми: Црн вторник, починаа 45 лица поради поевтино гориво