364
Тројца прилепчани направиле инцидент во угостителски објект во градскиот пазар, откако со шишиња и предмети од инвентар почнале да фрлаат кон друго лице.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против К.А.(57), А.А.(50) и О.А. (26), сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,“насилство“. На 24.09.2018 година во Прилеп, во градскиот пазар, во угостителски објект првопријавениот физички го нападнал Г.С. при што со шише му нанел телесна повреда во пределот на главата, а потоа заедно со второ и третопријавениот, продолжиле да фрлаат со разни предмети од инвентарот кон Г.С.“, пренесе МВР.