Непредвидени работи од 50.000 евра за плоштад ВМРО

by fokus

Град Скопје потпиша анекс на договорот за изградба на плоштадот ВМРО кој се наоѓа пред седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ во Центар, попознато како „бела палата“. Анексот на договорот е во износ од 50.000 евра и е потпишат во постапка со договарање без објавување на оглас.

Со ова трошоците за уредување на плоштадот пораснаа на 1,4 милиони евра, или со ДДВ на вкупно 1.757.868 евра. На плоштадот преовладува бела боја, согласно седиштето каде е сместена партијата. Во централниот дел се наоѓа фонтана со тотем на кој преку релјефна изработка се претставени ликови и настани од историјата на организација.

Поврзани новости