Османи заминува за Германија на средба со Михаил Рот

by fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска заминува во работна посета на Берлин, Германија.

Османи ќе се сретне со Михаил Рот, државен министер за Европа во федералното Министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка во Министерството за економска и развојна соработка на Германија.

Реформите поврзани со процесот на европска интеграција на Македонија, особено динамиката на реализацијата на мерките од Планот 3-6-9, како и можностите за германската поддршка за нивна имплементација ќе бидат во фокусот на разговорите, информираа од кабинетот на Османи.

Поврзани новости