463
Синоќа во 22.10 часот на булеварот „3-та МУБ“ во Куманово, Д.Т. (32) од Куманово бил физички нападнат од непознато лице, кое со остар предмет му нанело убодна рана на левата надлактица.
Д.Т. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарка помош и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.