Неофицијално, сопруг на медицинска сестра е напаѓачот на лекарот од Токсикологија

by Fokus

На полицијата и е познат идентитетот на напаѓачот на лекарот Н.З. од Токсикологија, се работи за сопругот на медицинска сестра, дознава „Фокус“.

Од МВР потврдуваат дека лекарот бил нападнат околу 19.50 часот, од зад грб, пред ќебапчилница на улицата „Мајка Тереза“, при што се здобил со два убоди од остар предмет.

Лекарот е прободен во двете слабини, над бубрезите и е надвор од животна опасност. Во моментот е сместен на скопската Клиника за дигестивна хирургија.

Поврзани новости