Дипломатски клуб: Скопскиот аеродром да се прекрсти во Киро Глигоров

by Фокус

Дипломатскиот клуб – Скопје ја поддржува иницијативата Скопскиот меѓународен аеродром да го носи името на првиот македонски претседател Киро Глигоров и иницијативата за издавање на поштенска марка по повод 100-тата годишнина од неговото раѓање.

„Од скопскиот аеродром отпочнуваа и на него завршуваа бројните „походи“ на претседателот Глигоров во светот, неговите патувања посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава. Во негово присуство овде, за прв пат, во практика се воведени протоколарните манифестации како што се веење на државното знаме, интонирање на химната, постројување на почесната гарда, со кои пред светот Република Македонија се претстави како самостојна и независна држава. Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки“, велат од Дипломарскиот клуб.

Од таму додаваат дека со именувањето на скопскиот аеродром со името на Глигоров на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава.

Поврзани новости