Заев: Немам намера да се вратам во политика

by Фокус

Од војната во Украина, Европа ја научи најважната и скапо платена лекција за неопходноста за енергетска самоодржливост, за диверзификација на изворите за снабдување со енергија и за енергетска независност, рече поранешниот премиер Зоран Заев, на денешното предавање на тема „Енергетската и инфлациската криза“, што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа.

Заев нагласи дека на Европа ќе и биде тешко оваа зима, но и до крајот на идната година.

-Но, Европа веќе спроведува стратегија за енергетска независност преку Зелената агенда, и во оваа ситуација само ќе треба да ја забрза имплементацијата на планираните активности и капацитети – рече тој.

Заев посочи дека ЕУ вложува сериозни инвестиции во обновливи извори на енергија, ветерници и фотоволтаици, како и во капацитети со батерии за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и од ветер, а Европа ги отвора пристанишните капацитети за терминали за ЛНГ, односно течен гас.

-Овие излезни решенија ќе ја свртат Европа кон другите големи ресурси на енергенси како што се Азербејџан, Катар, САД и други земји – рече тој.

На новинарско прашање дали би се вратил во политиката, Заев рече:

„Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколкумина луѓе. Поради Фондацијата „Заев“ и моите општествени активности немам намера да се кандидирам за претседател на државата. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помагам оваа и секоја идна влада“.

Поврзани новости