Јас не знам датум кога ќе стигнат руските вакцини, но убеден сум дека вакцинацијата на граѓаните на вашата земја ќе се одвива непречано, рече амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин.
-Знаете дека во март оваа година рускиот фонд за директни инвестиции потпиша договор со министерството за здравство со кој се предвидува снабдување со 200 000 дози. Оваа количина е за вакцинирање на 100 илјади граѓани. До денес испорачани се 6.000 дози, по 3000 од двете компоненти. Се работи на испорака на преостаната количина на вакцини. Руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја. Треба да се напомене дека руската вакцина е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 92 отсто, а за спречување на тешки компликации од болеста 100 отсто, рече амбасадорот.
Вакцинацијата на земјава на поголема група граѓани токму со руската вакцина откако Србија нѝ даде 20.000 дози на руски вакцини како донација. Во земјава треба да стигнат 200.000 дози од оваа вакцина.