641
Сите досега направени тестови за туберколоза на учениците и наставниот кадар во основното училиште во населба Чаир, „Васил Главинов“, кои биле во контакт со заболената наставничка, испаднале негативни.
– Контролните прегледи ќе продолжат во вторник. Учениците се праќаат на тестови одделение по одделение зависно од распоредот што го добиваат од надлежните здравствени установи – изјави Ќамуран Кучи, директор на ОУ „Васил Главинов“.
За заболената наставничка, пак, ќе биде издадено решение за времено отстранување од работа се додека трае процесот на лекување, а за неа е веќе најдена замена.