Порталб: Синот на Тачи еден од повредените во престрелката во тетовско кафуле

by Фокус

Еден од десетмината повредени во синоќешната престрелка во тетовското кафуле „Баркод“, во кој еден го загуби животот, бил и синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објави Порталб.

Како што соопштија од тетовската полиција, се уште го испитуваат мотивот за инцидентот, во кој загина напаѓачот – 22 годишниот Алтрим од тетовското село Порој.

Од Клиничкиот центар во Тетово, пак, информираа дека лекарска помош синоќа побарале 11 лица, од кои 6 имале повреди директно од огнено оружје, а 5 од други средства, при што веќе починатито бил испратен во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Од кафулето „Баркод“ изразија жалење и осуда за настанот.

Поврзани новости