Доколку лицето Н.К. од Цетиње, а не полицијата, спречило поголем масакр, обвинителството може тоа да го квалификува како нужна одбрана, а тој кривично да не одговара, вели адвокатот Жељко Ѓукановиќ за „Вијести“, зборувајќи за настанот во Цетиње, во кој напаѓачот Вук Бориловиќ усмрти десет лица.
Ѓукановиќ објаснува дека нужната одбрана, како што е експлицитно пропишана во Кривичниот законик на Црна Гора, сама по себе претставува основа која исклучува постоење на кривично дело.
-Тоа е одбрана што е апсолутно неопходна за сторителот да одбие симултан или неизбежен незаконски напад, за свое или зa доброто на друг. Сепак, со оглед на досега објавените детали во медиумите, се појавија мислења дека тоа е прашање на крајна нужда, што според мене не е основано – рече тој.
Адвокатот објасни дека крајна нужда постои како статут во Кривичниот законик на Црна Гора, но дека тоа не е кривично дело.
-Тоа постои само во случај кога делото е сторено со цел сторителот да се отстрани од својот имот или од имотот на друг или во непосредна опасност која на друг начин не можела да се отстрани, со напомена дека изворите на оваа опасност можат да бидат природни катастрофи, како пожар, поплави и слично – додаде Ѓукановиќ.