„Ролинг стоунс“ ја одложија својата летна турнеја низ Северна Америка, бидејќи Мик Џегер (75) оди на операција за срцето, па за тоа треба одредено време за рехабилитација потоа.
– Жалам што морам да ве разочарам вака. Многу сум тажен што Ви соопштувам дека ја откажувам турнејата до целото мое опоравување и ќе се потрудам да се вратам на сцената најбргу што можам, соопшти Џегер.
Операцијата е закажана за оваа седмица.
– Лекарите му препорачаа на Мик Џегер да не оди на турнејата заради медицинскиот третман. Тие го советуваа и дека треба да се врати на сцената откако целосно ќе закрепне, изјави претставник на рок-бендот.
Турнејата под наслов „Без филтер“ беше закажана да трае од 20 април до 29 јули. Групата соопшти и дека билетите кои луѓето веќе ги купиле, ќе важат за концертите што допрва треба да се закажат.
Рок-групата „Ролинг стоунс“ постои од 1962 година.