ФОТО Ципрас слета во Скопје, го пречекаа Шекеринска и Бектеши

by fokus

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродоромот Скопје од каде ќе се упати кон Владата каде што ќе биде пречекан со државни и воени почести. На скопскиот аеродром тој беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и од министерот за економија, Крешник Бектеши.

Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Поврзани новости