Со измените кои се предложени од страна на пратениците во собранието е истакнато дека се бара да биде работното време над 8 часа. Тоа не значи дека сите вработени кои ќе работат на Коридорот ќе работат 60 часа неделно односно прекувремено 20 часа во неделата, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на своето гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Таа истакна дека зависно од процесот на работа и од временските услови во кои работат лицата, работното време ќе биде различно. Министерката рече и дека без писмена согласност на работникот, ниту едно лице нема да работи прекувремена работа. Таа истакна дека секоја прекувремена работа се пријавува во државниот инспекторат за труд и рече дека тоа е органот кој врши надзор дали е извршена прекувремена работа и дали е платена.
„Предлогот што е даден во Собранието на ја одредува горната граница, разговаравме со предлагачите на законот во Собранието и со пратениците за да може да се утврди горната граница. Разговорите продолжуваат и секако ќе донесеме закон кој ќе ги штити правата на работниците“ рече Тренчевска.