Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино

by irena 09:56
09:56

Во Тетовскиот Регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на другите водотеци, каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Битолскиот Регион преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на улицата Буквски мост за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување. Нивото на Црна Река во село Новаци изнесува 310 см. Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба.

Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонијапат“.

На подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.

Вкупно 250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.

Екипи на ЈП „Комуналец“ и на ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.

Слични вести