514
Во авионот кој попладнево се урна кај селото Кожле загинаа шест патници чиј идентитет не е утврден, a од МВР информираат дека се работи за четворица италијански и двајца косовски државјани.
Екипи на Обвинителството се на терен и ги утврдуваат причините за авионската несреќа.
Германскиот приватен авион од марка „Пејпер” полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.
Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.