Нема препорака за нови рестрикции, после викендот можни се краткотрајни „затворања“

by fokus

Нема препорака за нови рестриктивни мерки, одлучиле попладнево членовите на Комисијата за заразни болести. Министерството за здравство во соопштение до јавноста информира дека министерот за здравство, Венко Филипче на состанок со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и Сузана Маневска телефонски се консултирале со сите членови на Комисијата и донеле ваков заклучок.

Комисијата, како што соопштуваат, за нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, се вели во соопштението

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Поврзани новости