Земјава ќе испраќа економски советници во странство

by fokus

Земјава ќе испраќа економски советници во странство, кои ќе дејствуваат во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништа и ќе бидат надлежни за доследно, професионално и ефективно претставување на нашите економски интереси во европски и воневропски земји, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Економските советници ќе бидат избрани од редот на високи стручни дипломати од Министерството за надворешни работи, експерти од јавната администрација со економско портфолио и по потреба експерти од приватниот и јавниот сектор. Сите тие без исклучок ќе поминат обемна оперативна и стручна теоретска обука за особеностите и карактеристиките на нашата економија, спецификите на нашиот пазар, капацитетите на нашето стопанство и можностите на туристичкиот сектор, истакна Османи.

Изборот на кадрите ќе го врши Меѓуресорска владина работна група, која е веќе во фаза на формирање, во која ќе влезат претставници од економските ресори како што се Министерството за економија, финансии, транспорт и врски, ресорите коишто имаат значајна улога во спроведувањето на економската политика.

Поврзани новости