497
Претседателката на Здружението „Борка – за секој нов ден“, Биба Додева на денешната средба се заблагодари на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче што во услови на ковид-19 не биле остварени на страна, туку имаат поддршка за сите работи од Министерството за здравство, од Клиниката за онкологија и Клиниката за хематологија.
На денешната заедничка средба, тие разговараа за предизвиците со кои се соочува оваа група на пациенти во услови на коронавирус.
„Досега нема воопшто прекин на терапијата, што е за вакви услови навистина еден голем плус. Ние сме задоволни, затоа што тоа е еден од големите стресови коишто секој пациент се наоѓа во таква ситуација. На почеток тоа му беше прво и основно прашање на секој пациент. Она што го увидовме заедно во текот на овие неколку месеци е дека може да се дисперзира терапијата, особено таблетарната терапија, и дури и супкутаната терапија, и не само во центрите, туку заедно со помош на клиниката за онкологија и Црвениот крст се дистрибуира таблетарната терапија до секое место во државата. Значи, се носи лично на пациентите и тоа нѐ научи дека можеме на поинаков начин да функционираме и ќе сакаме да изнајдеме решение тоа да биде и практика, да стане дел од програмата таквото децентрализирано добивање на терапијата“, рече Додева и додаде дека со проблемот кој се соочиле е одложувањето на контролните прегледи и следењето на терапијата, за што на денешниот состанок заеднички е дојдено до решение и овој дел да се реши.