Не би се изненадил ако добиеме 61 пратеничко место, вели Мицкоски

by Fokus 14:34
14:34

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не би се изненадил ако неговата партија и коалиција „За обнова на Македонија“ има мнозинство во парламентот, коешто го сочинуваат 61 пратеник.

„Сериозна ќе биде поддршката, ќе почекате за некој ден од денеска ќе се уверите, ова не е математика, ова е чувство, ова е практично сериозна поддршка којашто ја добива ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ’За обнова на Македонија‘ од граѓаните. Тоа буквално се чувствува на секој чекор. Разочараноста е огромна, тенденцијата е да има промени, да дојдат политичари кои нудат надеж, политичари коишто знаат како да се справат со предизвиците, јас сум убеден во една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ, па и не би ме изненадило ако имаме мнозинство во парламентот“, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости