627
Основниот суд Скопје 1 информира дека за време на протестите кои попладнево се одржуваат на повеќе места во главниот град, меѓу кои и пред Кривичниот суд, биле оштетени неколку прозорци на зградата, но не е повреден ниту еден вработен во судот.
„Вработените останаа на своите работни места и професионално си ги извршуваа своите работни задачи и покрај недоличното однесување на граѓаните кои излегоа на таканаречените мирни протести. За инцидентот е информирано Министерството за внатрешни работи, а материјалната штета дополнително ќе се проценува“, велат од скопскиот кривичен суд.