Нема потреба да се воведат рестриктивни мерки по изборите, вели Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче демантира дека по изборите на 15 јули ќе се воведат повторно рестриктивни мерки како карантин.

„Рестриктивни мерки се воведуваат тогаш кога ќе се оцени дека има ризик за здравствениот систем. Тоа е единствената дополнителна мерка освен оние кои ги имаме во моментов. Моментот кога треба да се воведе таква мерка го определуваат стручните лица, но нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка. Изборите не се фактор при одлуките за носење мерки“, истакна Филипче.

 

Поврзани новости